На Јутјуб е претставено промотивно видео за монографијата „Прекрасна Македонија“, која ги презентира природните убавини во Република Македонија, културното-историското наследство и артефактите од нејзината долга и богата историја и традиција.Станува збор за публикација поддржана во Годишната програма на Министерството за култура која на 230 страници, на македонски и на англиски јазик
-Монографијата „Прекрасна Македонија“ е вреден артефакт за сите нас, но е и репрезентативен подарок за секој посетител на нашата држава, спомен кој ќе го земе со себе и кој, верувам, ќе го поттикне, повторно да дојде во Македонија, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска и додаде дека оваа книга говори за физичката и духовната култура на македонскиот народ.
Иво Јанковски од издавачката куќа „Трето уво“ потенцираше дека монографијата презентира веќе познати, но и многу нови откритија, артефакти и вредности, па иако е наменета во прв ред за странскиот читател, таа во исто време ја збогатува и национална свест за нас самите и нашето место во историјата.
-Оваа монографија ја презентира творечката оригиналност на Македонците, нашите епохални духовни и културни процеси низ вековите што не позиционира како базична цивилизациска оска на Балканот, рече Јанковски.
Изданието е дополнето и со мултимедијално ДВД со 52-минутен филм составен од подвижни слики што го презентираат најубавото од Македонија.
Извор: КурирСтанува збор за публикација поддржана во Годишната програма на Министерството за култура која на 230 страници, на македонски и на англиски јазик