Видео: При крајот од трката пливачот го нападнала ајкула!

При крајот од трката Британецот во водата видел темна сенка, и одеднаш му се појавила ајкула од два метри која почнала да кружи околу него…Британскиот пливач Адам Вокер во вторникот учествувал на маратон во траење од 8 часа и 36 минути преку Куковиот теснец во Нов Зеланд покрај ледениот океан. Маратонецот морал да се соочи со опасна закана која доаѓа од темните длабочини. 
При крајот од трката Британецот во водата видел темна сенка, и одеднаш му се појавила ајкула од два метри која почнала да кружи околу него. Вокер подоцна за оваа случка напиша и на неговиот Facebook профил.
Но, тогаш му се случило нешто неверојатно. Со Вокер одеднаш почнале да пливат делфини, кои го спречиле нападот на ајкулата. Десетина од нив пливале со Вокер околу 1 час.

Британецот учествувал во шест од седум трки “Ocean’s Seven challengea”, во кои пливачите се обидуваат да ги совладаат најтешките океански делови за пливање ширум светот, како дел од хуманитарна акција за соберирање пари, за спас на китовите и делфините.
Нешто слично се случило и во Нов Зеланд 2004 година, кога јато делфини заштитиле четири пливачи од триметарска голема бела ајкула.
Британскиот пливач Адам Вокер во вторникот учествувал на маратон во траење од 8 часа и 36 минути преку Куковиот теснец во Нов Зеланд покрај ле

Пронајдете не на следниве мрежи: