Видео: Пронајден е изгубен град на Маите

Група археолози на чело со Иван Шпрајц, вонреден професор на Словенечката академија на науките и уметностите, пронајдоа древен град на Маите во прашумите на источно Мексико.
Овие археолози во истражувањето одобрено од мексиканскиот национален институт за антропологија, пронашле 15 пирамиди, повеќе игралишта, плоштад и високи исклесани камења, а градот го нарекле Чактун, што значи „црвена карпа” или „голем камен”.
Според големиот број игралишта, Шпрајц тврди дека веројатно се работело за многу важен град напуштен околу 1000 година, веројатно заради климатските промени, војни и бунтови.
Шпрајц додава дека градот бил послабо населен од градот Тикала во Гватемала и дека можно е да бил населен со 30 до 40 илјади жители, но додава дека требаат дополнителни истражувања за да се процени точниот број.
За да стигнат до градот, Шпрајц и тимот поминале три недели пробивајќи се низ џунглата, а претходно морале да ги погледаат фотографиите снимени од воздух за да можат да ги обележат координатите.Група археолози на чело со Иван Шпрајц, вонреден професор на Словенечката академија на науките и уметностите, пронајдоа древен град на Маите во пра

Пронајдете не на следниве мрежи: