Ароганцијата и оттуѓеноста на СДСМ од сопствениот народ прерасна во навреди и исмевања од страна на високите паритски фунционери на најголемата опозициска партија кон оштетените од природната катастрофа која ја погоди Македонија.Вчерашната срамна реакција на потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска при посетата на настраданите жители, јасно покажува дека опозициските функционери се излезени на терен да се сликаат и парадираат, а не да ги слушнат проблемите на жителите, бидејќи овој пример потврдува дека Шекеринска воопшто не слуша што настраданите говорат.
Шекеринска овој пат без Прада, наиде на уплакана жена, која жалејќи се за тоа што и се случило, почна да го оплакува и изговара името на својот починат сопруг: „…Чичко ти Столе да стане, да види..“! На ова, Шекеринска утешително и рече: „Немојте да станувате! …Нека седи“
Отсутноста и оттуѓеноста на СДСМ од народот не е нешто ново, истата сега прерасна во навреди и исмевања на луѓето погодени од катастрофата. Секогаш кога глуми човек од народот, богатата Шекеринска се посрамотува. Таков беше случајот и со нејзината неодамнешна посета на Куманово кога во Домот на сојузот на борци во Куманово ги посети воените ветерани и бранители каде по старата македонска традиција беше пречекана со леб и сол.
Жени во народна носија ја чекаа Шекеринска да ја послужат со леб и сол кој Шекеринска откако го зема и се послужи пред камерите, веднаш потоа го плукна. Граѓаните на Куманово беа згрозени од ваквиот срамен чин, за кој коментираа дека покрај тоа што претставува тешка навреда врз бранителите и борците, исто така е навреда и прекршување на оваа стара македонска традиција која со векови го симболизира гостопримството.
Срамниот елитизам на СДСМ и Шекеринска покажува своевидна глума и однароденост.
Вчерашната срамна реакција на потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска при посетата на настраданите жители, јасно покажува дека опозициск