Видео: „Првиот вампир е Србин! Романците ја украдоа славата!“

Новинарот од САД, Дејвид Оно во својот документарец “Vampires are real: David Ono journeys to Serbia to find real story” истакнува: Романија се прослави по вампирите, но првиот вампир е погребан во Кисиљево,во северниот дел на централна Србија. . 
Некои веруваат во тоа, некои сметаат дека е чиста глупост, а постојат и такви кои се расправаат кој всушност бил првиот српски вампир.
Историјата за српските вампири се задржува, главно, на Сава Савановиќ и Петар Благојевиќ. Сепак, за Петар Благојевиќ постојат повеќе докази дека тој е првиот српски вампир.
Ова се приказните за двајцата најпознати српски вампири.
Во 1725 година, во австриските новини имало извештај во кој сериозно се зборувало дека постојат вампири во Србија.
Бројот на жители во Зарожја и Кисиљево драстично се намалил, а оние кои останале, живеат со сеќавањата и приказните за првиот српски вампир од овој крај во 18 век.
Според австриските истражувања, Петар Благојевиќ бил селанец од Србија, кој по својата смрт станал вампир. Живеел во 18 век во селото Кисиљево, во северниот дел на централна Србија која тогаш била дел од австриското царство (1718-1739).

По смртта на Петар, жителите од овој крај по кратки и мистериозни болести – умирале. Оттогаш, кај жителите, се јавил сомнеж дека Петар Благојевиќ се повампирил.
Тие тврделе дека починатиот Благојевиќ им се појавувал на смртна постела и се обидувал да ги задави. Ова било објавено и во германскиот весник „Wienerisches Diarium“.

Непосредно по овие случувања, сопругата на австрискиот службеник Фромбалд изјавила дека на сон и се појавил мртов маж кој од неа ги побарал своите опинци. Во јуни 1725 година бил отворен гробот на Петар Бјагојевиќ, а во него лежело неговото тело, кое воопшто не било распаднато, а на неговите усни имал свежа крв. За да се заштитат, мештаните прободеле колач на телото на Петар и го запалиле. Одговорниот службеник на австриската управа бил против ова, но поради големиот страв кој владеел меѓу луѓето, не му преостанало ништо друго, освен да се согласи.
За овие случувања, ѕвонарот на црквата во Кисиљево – Борислав Драгојевиќ на новинарите им дал изјава во која  вели: „Ги отвораа гробовите на сите оние за кои зборуваа дека се повампириле. Австриските комесари наредија да се спалат сите трупови кои наликувале како да се живи. Од тогаш во селото постои и клетвата – Да даде Господ, Перо да те посети!“
Покрај Благојевиќ, австриските извори од тоа време (1825), пишуваат и  за уште еден Србин со необично име – Арнолд Паол.  Тогаш, за австриските чиновници важело правилото: Зборувај германски, за да те разбере целиот свет, па така Павле со надимак Арнаут, стана Паол.

 
Според германските извори, Павел бил војник и ајдук кој имал блиска средба со вампир од Грција.  Откако го убил се чувствувал лошо и набрзо умрел, а преку него, тој донел зараза во селото.
Павле ја доживеал истата судбина како Петар.
Дејвид Оно лично го посетил гробот на Петар Благојевиќ, а на него пишува: Тука почива Петар Благојевиќ.
 
 
  
Некои веруваат во тоа, некои сметаат дека е чиста глупост, а постојат и такви кои се расправаат кој всушност бил првиот српски вампи

Пронајдете не на следниве мрежи: