На одржување на телевизиско интервју кое се одвивало во рамките на Канскиот фестивал, се појавил човек со пиштол и бомба во студиото. Била избегната голема трагедија откако тој навремено бил спречен.
Притоа, за време на немилиот настан добитникот на Оскар Кристоф Валц давал интервју. Тој доживеал вистински шок откако човекот вперил пиштол во него и се заканувал дека има бомба и дека има намера „да го крене студиото во воздух“.На видеото може да се види дека по двата истрела во воздухот, публиката панично започнува да бега, додека обезбедувањето се обидува да ги тргне актерите од сцената.
Во разговорот за „Daily Mail”, Валц открил дека се исплашил за својот живот: „Бев на платформата од студиото на плажата, кога одеднаш се појави човек со пиштол. Мислам дека тоа беше пиштол и дека тој пукаше, но за среќа, полицијата го сопре. Не знам кој е, од кај дојде и кој е неговиот проблем!”
Еден очевидец го изјавил следното: „Телохранителите скокнаа во толпата народ и го соборија на земјата. Полицијата пристигна и им рече на сите присутни да бегаат затоа што човекот во неговата рака држеше граната.”
На одржување на телевизиско интервју кое се одвивало во рамките на Канскиот фестивал, се појавил човек со пиштол и бом