ВИДЕО: Путин го одржа најзначајниот политички говор во поновата светска историја

Пред неколку дена, рускиот претседател Владимир Путин, во Сочи, на Валдај конференцијата го одржа најзначајниот политички говор во поновата светска историја.Медиумиски овој говор беше маргинализиран, сепак тоа не ја намалува неговата важнсот и тежина.. Исто така, значајно е да се напомене дека западните медиуми дадоа сѐ од себе да го игнорираат или да го извртат неговото значење.
Ова беа најинтересните поенти од говорот на Путин кој зборуваше за Новиот светски поредок:
1. Русија повеќе нема да игра игри и да учествува во тајни преговори околу „ситници“. Сепак, Русија е подготвена за сериозни разговори и договори, ако тие придонесуваат за колективна безбедност, се базираат на правичност и ги земаат во предвид интересите на секоја страна.
2. Сите досегашни системи на колективна безбедност се уништени. Денес веќе не постојат никакви меѓународни безбедносни гаранции…. Еден ентитетот ги разруши сите нив. Тој ентитет има име: Соединети Американски Држави!
3. Оние кои го градеа Новиот светски поредок не успеаа, затоа што градеа песочен замок. Не зависи само од Русија дали ќе се изгради Нов светски поредок, но одлуката не може да биде направена без Русија.
4. Ние го претпочитуваме конзервативниот пристап во воведувањето на новитети во општествениот поредок, но Русија не е против истражување и дискутирање на вакви иновации за да се види дали воведувањето на некоја од нив може да биде оправдано.
5. Русија нема намера да лови во матните води создадени од растечката „империја на хаосот“ на Американците и нема никаков интерес во создавање на своја нова империја. Русија нема намера да биде спасител на светот, како што тоа го правеше во минатото.
6. Русија нема да се обиде да го реформатира светот според сопствениот лик, меѓутоа нема ниту некому да дозволи таа да биде реформатирана по нивниот лик.
7. Секој кој ќе се обиде да ја изолира Русија од светот може да биде сигурен дека ќе го дочека виор.
8. Ние не сакаме хаосот да се шири. Не сакаме ни војна и Русија нема намера да започне војна. Сепак, денес Русија гледа дека избивањето на глобална војна речиси е неминовно, таа е подготвена за ова и продолжува да се подготвува за ова. Русија не сака војна – ниту пак се плаши од неа.
9. Русија нема намера да зазема активна улога за да ги спречи оние кои се уште се обидуваат да го создадат НИВНИОТ Нов светски поредок . Русија ќе „седи на страна“ се додека овие напори не почнат да влијаат на клучните руски интереси. Русија би сакала да стои на страна и да ги гледа нив како самите си задаваат удари во глава, колку што нивните кутри глави можат да издржат. Меѓутоа оние кои ќе успеат да ја вовлечат Русија во овој процес, преку необрнување внимание на нејзините интереси, ќе научат кое е вистинското значење на болката.
10. Во својата надворешна, и, уште повеќе, внатрешна политика, моќта на Русија нема да се базира на елитите и нивните заткулисни игри, туку на волјата на народот.Медиумиски овој говор беше маргинализиран, сепак тоа не ја намалува неговата важнсот и тежина.. Исто така, значајно е да се напомене дека западните

Пронајдете не на следниве мрежи: