Видео: ПУТИН НАРЕДИ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУСКАТА ВОЈСКА ОД СИРИЈА

Председателот на Русија Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу од вторник (денес) да почне да ја повлекува војската од Сирија бидејќи поставените задачи  биле исполнети.„Сметам дека задачите кои беа поставени на Министерството за одбрана и на вооружените сили во целина се исполнети, поради тоа наредувам на министерот за одбрана од утре да го започне повлекувањето на главниот дел од нашата воена групација од Сириската Арапска Република“, истакна Путин на состанокот со шефовите на Министерството за одбрана и за надворешни работи на Русија.
Путин се надева дека одлуката во врска со повлекувањето на руската воена групација од Сирија ќе биде добар сигнал за сите страни во судирот и дека ќе допринесе за мирно решение на кризата.
„Се надевам дека денешната одлука ќе биде добар сигнал за сите страни во судирот, се надевам дека ова значително ќе ја подигне довербата на сите учесници во процесот..и дека ќе допринесе во решавање на сириските прашања со мирни средства“, рече Путин на состанокот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
,,Нашите бази -морската во Тартус и авијационата на аеродромот во Хмејмим ќе функционираат како и до сега. Тие мораат да бидат внимателно заштитени од копно, море и воздух“-рече Путин.
 Тој додаде дека задачите кои се поставени пред Министерството за одбрана се исполнети.,,И навистина, ефикасната работа на нашата војска создаде услови за почеток на мировниот процес“.
Сметам дека задачите поставени пред Министерството за одбрана и руските вооружени сили во Сирија во целост се исполнети.
Путин истакна дека Русија за кратко време во Сирија создаде бројно не толку голема, но многу ефикасна групација на различни сили и средства.
„Тоа се и космичката разузнавачка служба, беспилотните летала, борбените ударни комплекси – ловци, авијацијата. Тоа се силите на Воено-морнаричките флоти кои применуваа најсовремено оружје од акваторијата на двете мориња-Средоземното и Каспиското, како со бродовите, така и со подморниците. Создадовме моќен систем за противоздушна одбрана, вклучувајќи ги најсовремените комплекси  С-400“, наведува Путин.
Руската операција во Сирија почна на   30. Септембра 2015. година. Борбените задачи ги извршуваше групацијата на Воено-космичките сили на Руската федерација која ја сочинуваа повеќе од 50 авиони и хеликоптери, вклучувајќи Су-24М. Су-34, Су-25СМ, Су-30СМ и други.
Во текот на воената кампања уништени се инфраструктурни објекти на терористите на ИСИС, командни пунктови, штабови, објекти за производство, преработка и превоз на  нафта.
Во текот на операцијата,борбената авијација  изведе повеќе од 5.200 летови и ликвидираше голем број на терористи и нивни објекти.„Сметам дека задачите кои беа поставени на Министерството за одбрана и на вооружените сили во целина се исполнети, поради тоа наредувам на ми

Пронајдете не на следниве мрежи: