Големата фудбалска легенда на кралскиот клуб, Раул, на мошне „кралски“ начин се опрости од Реал Мадрид.36-годишниот Раул Гонзалез Бланко, имаше почесен натпревар на „Сантиаго Бернабе“, каде одигра едно полувреме за Реал Мадрид, додека пак другото полувреме за тимот на Ал Сад, каде и настапува.
На почетокот од мечот, Икер Касиљас му ја даде капитенската лента на Раул.
Голема радост настана кога Раул стрелаше за Реал Мадрид, па премногу емоции имаше на „Сантиаго Бернабеу“.
„Се чувствувам неверојатно, премногу емоции, им благодарам на Реал Мадрид за оваа вечер, оние мои 16 години во клубот вечерва добија целосна смисла, знам дека клубот цени како се борев во дресот на Реал Мадрид“ изјави Раул по натпреварот.
На полувремето, се случи еден настан кој секако беше проследен на огромно задоволство на сите големи фанови на Реал Мадрид, големиот Раул му го даде дресот со број 7 на португалецот Кристиано Роналдо, најважната алка на кралскиот клуб во моментов.
„Реал е мојот дом, кога ќе престанам да играм фудбал ќе се вратам“ додаде легендарниот фудбалер на Реал Мадрид.
Во дресот на Реал Мадрид, Раул забележа неверојатни 550 настапи постигнувајќи феноменален резултат од 228 погодоци.
Се започна со екипата на Реал Мадрид „Ц“, каде легендарниот Раул имаше 7 настапи, притоа постигна 16 погодоци, навестувајќи дека во него го има тоа чувство за погодок.
Во селекцијата на Шпанија, одигра 102 натпревари а притоа постигна 44 погодоци.36-годишниот Раул Гонзалез Бланко, имаше почесен натпревар на „Сантиаго Бернабе“, каде одигра едно полувре