Видео: Русите ги објавија 10-те НАЈДОБРИ СНИМКИ од нападот на ИСИС: Вака изгледа бомбандирањето на џихадистите

Руската медиумска куќа „Раша тудеј“, која со посебно внимание ја следи воената интервенција на Русија во Сирија, објави 10 најдобри видео снимки на руските воздушни напади на положби на Исламска држава.Снимките кои таа медиумска куќа секојдневно ги објавува на својот портал и Јутјуб канал на англиски јазик имаат повеќе од 4 милиони прегледи.
Новинарот на РТ Маруд Газдиев ги спроведе гледачите низ воената база во Латакија каде се сместени 5 руски авиони.

Беспилотното летало на Руското министерство за одбрана покажува како изгеда бомбардирањето на терористичкото седиште во Рака.

Еден од најгледаните клипови е и снимка на која од непосредна близина се гледа полетување на руски воен авион.

Тука се и снимки на кои се гледа како изгледа повторно изградената база во Латакија, која има дури и сауна.

Руски авион ги бомбардира положбите на ИСИС.

Газдиев направил и прилог во кој покажал како изгледаат така наречените „паметни“ бомби со ласерко наведување.

Погледнете како изгледа потврдување на мети и бомбардирани положби на Исламска држава.

Следното видео покажува како ИСИС преместува возила близу џамии и други населени подрачја.

На оваа снимка се гледа како руската војска исфрла ракети од Касписко море на мети во Сирија.

Десетата снимка го покажува полетувањето на хеликоптер кој учествува во напади на положбите на исламистите.
Снимките кои таа медиумска куќа секојдневно ги објавува на својот портал и Јутјуб канал на англиски јазик имаат повеќе од 4 милиони прегледи.

Пронајдете не на следниве мрежи: