ВИДЕО: Русите ликвидирале познат терорист!

Рускиот Национален антитерористички комитет, денеска соопшти дека специјалните сили го убиле Алиашкаб Кебеков и уште двајца екстремисти откако претходниот ден ги опколиле во една куќа во Дагестан.Руските специјални сили го убија водачот на групата поврзана со Ал Каеда во Кавказ, соопшти денеска руската служба за борба против тероризмот.
Алиашкаб Кебеков минатата година дојде на чело на организацијата Кавкаски емират, откако бил убиен основачот Доку Умаров, кој презел одговорност за големите напади во Русија. Кебеков минатата недела беше ставен на американската листа за барани терористи.
Кавкаскиот емират е тенко поврзана организација на побуненички групи кои бараат основање на независна исламска држава во северен Кавказ, област која е претежно наелена со муслимани и која ги опфаќа руските републики Чеченија и Дагестан.
Дагестан стана центар за побуна на исламистите, која се прошири низ Кавказ по двете војни во Чеченија.
НАК соопшти дека Кебеков помагал во организацијата на двојниот самоубиствен напад кон крајот на 2013 година во Волгоград, во кој се убиени 34 луѓе, а биле ранети уште 100 луѓе.
„Тој беше клучна врска во финансиската структура на Кавкаскиот емират, организирајќи изнуда на пари од населението“, наведе НАК.Руските специјални сили го убија водачот на групата поврзана со Ал Каеда во Кавказ, соопшти денеска руската служба за борба против тероризмот.

Пронајдете не на следниве мрежи: