четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео: Шабан Трстена нокаутираше тв водител

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот најтрофеен борач Шабан Трстена гостуваше во емисијата „Во недела попладне“ која се емитува на ТВ Алфа. Борачот кој на Македонија и го донесе златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес, одржани во 1984-та година, во оваа емисија покажа дека иако поминаа 30 години од остварувањето на неговиот најголем успех, сепак тој не заборавил да „тушира“.
Водителот на емисијата Златко Андоновски на сопствена кожа почувствува како Шабан Трстена „патосира“.
Инаку, Шабан Трстена освен златниот медал освоен на ОИ во Лос Анџелес, освои бронза на ОИ во Сеул во 1988-ма година, потоа има две злата, четири сребра и две бронзи од Светските првенства, како и три златни медали освоени на Медитерански игри.
Погледнете го видеото:

Борачот кој на Македонија и го донесе златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес, одржани во 1984-та година, во оваа емисија покажа дека иак

Поврзани вести