Опозициските експоненти продолжуваат со навреди кон македонскиот народ и македонската нација. Последен во низата е новинарот и поранешен пратеник Сафет Бишевац, кој при гостувањето во емисијата „Топ тема“ која вчера се емитуваше на Телма рече дека суштинскиот проблем било тоа што мнозинството во оваа држава „не го вклучувало мозокот“.-Ние, односно мнозинството во својата држава, јас значи тогаш отидов и со една бројка на луѓе кои што не го вклучуваат мозокот, тоа е суштинскиот проблем на оваа држава. Јас реков дека 500.000 луѓе во оваа држава не го вклучуваат мозокот и тоа е факт, ние сме денеска во таа ситуација, рече Бишевац.
На констатацијата на водителот Александар Чомовски дека не може да им го одземе правото на луѓето да имаат свое убедување, Бишевац продолжи со тврдења кои директно задираат во чувствата на Македонците и македонскиот народ и продолжи со ставот дека тој не одземал ништо, само велел дека не го вклучувале мозокот.-Ние, односно мнозинството во својата држава, јас значи тогаш отидов и со една бројка на луѓе кои што не го вклучуваат мозокот, тоа е суштинскиот п