СДСМ го злоупотреби моето малолетно дете во својата политичка кампања.Родителите на малолетниот Зоран од Велес ја обвинуваат неговата класна раководителка Весна Богоевска, инаку портпаролка на општинската организација на СДСМ во Велес, дека го натерала нивниот син пред камерите на една телевизија блиска до опозицијата да лаже дека не му даваат храна во училишниот интернат во градот.
Малолетниот Зоран заедно со своите родители сведочи за притисоците кои му ги правела неговата класна раководителка.
Класната на Зоран денеска се правдаше дека не го злоупотребила малолетникот за политички цели.
Сведоштвото на малолетниот Зоран отвора сериозни прашања за тоа, до каде е подготвена да оди опозицијата заедно со медиумите кои ги држи под контрола во желбата да добие некој политички поен повеќе, коментираат професори од истото училиште кои инсистираат на анонимност.
Велат дека се згрозени од постапката на нивната колешка, која наместо да ги учи децата, се обидува преку нив да издејствува напредок во својата политичка кариера.
Тие апелираат до просветниот инспекторат и министерството за образование да преземат мерки за да не се повтори, професорите своите политички амбиции да ги реализираат преку малолетни деца.
По ова останува отворено прашањето, какви мерки ќе преземе ад хок телото за медиуми, со оглед на тоа дека станува збор за класична фабрикувана црна кампања во која се вклучени медиумите.Родителите на малолетниот Зоран од Велес ја обвинуваат неговата класна раководителка Весна Богоевска, инаку портпаролка на општинската организација