Видео: СДСМ се храбри пред членството исто како и пред сите минати изборни порази

СДСМ ги повторува истите прочитани тактики. Опозициската партија вообичаено се сили пред избори и создава лажна еуфорија само за да го мобилизира членството и после секои избори доживуваат разочарување и се соочуваат со револтот од граѓаните и исклучително слабата поддршка.Популизмот и удирањето во гради дека ќе се победи на избори, а без притоа да се испорача програма, работа на терен и да се понуди реален концепт е веќе традиција во СДСМ. И претходно, на изборите во 2008та, 2011та и последните 2014та, како и на локалните и претседателски избори кои се одржаа во тој период,  како на филмска лента Заев, Радмила Шекеринска и врвот на СДСМ гласно викаа дека ќе победат и дури правеа комбинаторики какви влади ќе составувале.
Таквата самобендисаност и лажно парадерство темелено на неискреност, неработа, одлепеност од народот, и немање на програма и концепт за иднината ги доведуваа до последователни изборни фијаска. Тие на крајот го признаваа изборниот пораз, иако вината ја бараа во народот, а не во СДСМ.
Јани Макрадули пред 2011-та викаше дека Бранко тресе, а Црвенковски цврсто уверен гласно говореше дека ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ и блефираше повикувајќи постојано на избори.

Потоа кога Груевски сигурен во поддршката во народот и со цел да се скрати политичката криза наметната од СДСМ се согласи на избори, Бранко излезе и повторно се силеше кога посочи дека каков и изборен законик да се донел само да се каже денот на избори и СДСМ ќе била тука и ќе победела. Тој, заедно со целото раководство Заев и Шекеринска до него гласно убедуваше дека СДСМ ќе победи.

Како по правило СДСМ со истата реторика, секои избори ги опишува како неминовни да се срушела власта и доколку тоа не се случило следувало пропаст.
Исто така дел од еуфоријата на СДСМ која секои избори е дежаву и веќе видена е потребата да се докажува бројноста- па така за секој митинг СДСМ велеше дека е најголем, па се лицитираше со смешно големи и нереални бројки од 50, 60 па дури и 100 илјади присутни.
На последните избори 20014та повторно СДСМ убедуваше дека ќе победи. Стево Пендаровски јавно изјавуваше дека опозицијата води на сите анкети двојната победата се ближи.

Дека СДСМ и Пендаровски се уште се во истиот филм покажува и неговата вчерашна изјава, во која повторно тврди дека опозицијата водела на сите анкети и ќе победела со освоени 50 пратенички мандати.
-Најновите бројки се стопроцентно точни. Последните анкети покажуваат дека опозицијата предводена од СДСМ е многу блиску до 50 мандати. Во првата изборна единица си поставивме цел над 100.000 гласови и во овој момент сме над 90.000 гласови. Ние одиме со двоцифрена бројка на мандати, а тоа ги отвора портите за победа во целата земја, рече Пендаровски вчера.
Шекеринска на изборите во 2008та и во 2011та повторуваше иста работа, дека народот се прекршил и одлучил и дека СДСМ сигурно ќе победи. Тие многу често ветуваа нереални работи, наместо конкретна програма со рокови и проекти тие ветуваа општо работи, необмислени, а добри за уво.
Со истиот вокабулар како и до сега Шекеринска ословуваше дека власта е во заминување и дека се работи за режим. Иако најголемиот демант пристигнуваше на изборите каде СДСМ беше партијата која доживуваше тежок пораз од граѓаните.

На 9 мај 2011 година Шекеринска викаше дека Груевски е пред капитулација.

Исто така и навредите беа редовен декор во нејзината политичка битка како и нереалните ветувања.

Зоран Заев на изборите во 2014 та кој ги загуби со над 200 илјади гласови викаше дека тој ќе е идниот премиер и дека знае дека ќе победи со над 100 илјади разлика.

После целата лажна еуфорија, која сега СДСМ и Заев ја повторуваат на денот на изборите следуваше соочување со реалноста и одговор на народот што значеше тежок пораз и изборно фијаско за СДСМ.Популизмот и удирањето во гради дека ќе се победи на избори, а без притоа да се испорача програма, работа на терен и да се понуди реален концепт е

Пронајдете не на следниве мрежи: