Видео: Се бара оставка од грчки заменик-министер кој не именуваше со „Македонија“

Не кризата со мигрантите, туку именувањето на Македонија како „Македонија“ може да го чини политичка кариера грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, но и стабилноста на грчката владина коалција.Не кризата со мигрантите, туку именувањето на Македонија како „Македонија“ може да го чини политичка кариера грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, но и стабилноста на грчката владина коалција.
По синоќешното телевизиско интервју на Музалас во кое тој зборувајќи за флаерите со кои мигрантите од Идомени се упатуваат преку нелегални премини да влезат во земјава, наместо ПЈРМ или Скопје, не именуваше како „Македонија“.
„…имаме доказ, дека овие очекувања и надеж се валкана игра на организации. Тие тврдат дека се волонтери или солидарни, но немаат ништо заедничко со вистинскиот волунтеризам, солидарност или невладини организации кои помагаат на Идомени, и ораганизираат нивно префрлање во Македонија“, рече Музалас.
Изјавата на грчкиот заменик-министер предизвика лавината од реакции и барање на негова оставка како од опозициските партии, така и од коалицискиот партнер на СИРИЗА во владата, десничарската партијата Независни Грци. Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, на својот твитер профил објави: „Музалас извинување не е доволно, оставка“.
Музалас во два часот по полноќ писмено се извини за, како што вели, ненамерната грешка.
„Се извинувам за мојата ненамерна грешка која не одговара на мојот став и на моите позиции во врска со националното прашање за ПЈРМ”, напиша Музалас.
Кабинетот на грчкиот премиер уште вчера се обиде да ја смири ситуацијата со објаснување дека именувањето од страна на заменик-министерот за миграција на ПЈРМ како Македонија било ненамерно, но неуспешно. Каменос останува на барањето за оставка.
„По националните прашања ја имам истата позиција веќе 25 години. Овој пат нема да отстапам и да поддржам министер кој направи толку трагичен престап… Музалас не може да биде министер во оваа влада“, изјави Каменос.
Дел од грчките медиуми ова го толкуваат и како порака на Каменос, актуелен министер за одбрана во владата, како – „тој или јас“, особено по денешната средба на Каменос со Ципрас за новонастанатата ситуација.
Сепак портпаролот на грчката влада денеска информираше дека одлуката за повлекување на Музалас ќе биде донесена по враќањето на премиерот, Алексис Ципрас, од Самитот на ЕУ утре и задутре во Брисел. Тој притоа потенцирал дека и покрај реакциите на владините коалициски партнери, не е доведено во прашање единството на владата.
Извор: alfa.mkНе кризата со мигрантите, туку именувањето на Македонија како „Македонија“ може да го чини политичка кариера грчкиот министер за миграц

Пронајдете не на следниве мрежи: