Видео: Се преплашила до смрт – Жена затекнала пума во својата кујна

Loading...

Една жена од Чиле многу се изненадила кога кон крајот на јануари во својата кујна затекнала пума.Амалин Адад од Сантајго подготвувала појадок кога ја забележала големата мачка.
– Подготвував појадок, кога оддеднаш… мислев дека тоа е куче затоа што прво видов само нозе, но тоа беше пума. Вистинска пума, како оние од Зоолошка градина, рече Амалин.
Таа полека отишла од кујната, фотографирала, ја заклучила пумата внатре и по телефон ја повикала државната служба за земјоделство и животни (SAG).
Нејзиниот син Николас Селма рече дека спиел во собата на горниот кат кога го разбудило гласот на неговата мајка Амалин како вика „Пума!“.
– Се симнав и навистина видов дека имаме пума затворена во кујната, изјави Селма.
Пумата не нападнала ниеден од нив двајца, а ни нивното куче, но затоа уништила некои делови од мебелот и ролетните.
Кога стигнале експертите од SAG, пумата и на нив им задала проблеми. Тие го мавале  животното со стрелички за успивање, но таа неколку пати успеа да ги истресе од себе.

 
После некое време тие конечно успеале да го успијат животното и да ја изнесат од кујната.
Пумата претрпела мали повреди, па е однесена во локалната Зоолошка градина, каде ќе се грижат за неа.
Од полицијата велат дека животното сигурно било нечие милениче кое им избегало, или го пуштиле во дивина.
Амалин Адад од Сантајго подготвувала појадок кога ја забележала големата мачка.
– Подготвував појадок, кога оддеднаш… мислев дека тоа е к

loading...
Loading...