Норвешки пожарникари денеска спасија маж кој упаднал во септичка јама, јавен тоалет во близина на Осло, во кој се спуштил за да го извади мобилниот телефон, но потоа не успеал да излезе.Поради тоа што на неговиот пријател му паднал мобилниот, Като Бернтсен Ларсен се одважил да го извади од септичката јама низ отвор под ВЦ шољата.
-Прво се обидовме со стап да го извлечеме мобилниот, но не ни успеа. Потоа скокнав во јамата. Останав таму цел час, па се испаничив, вели Ларсен и додаде дека бубачки лазеле по него.
Тој безуспешно се обидел сам да се извлече од големата јама која се празни еднаш годишно. Тогаш одлучил да ги повика пожарникарните служби на помош.
-Ни беше прилично лесно. Четири пожарникари со моторен тестер го исековме долниот дел ВЦ шољата во тоалетот и помогнавме да излезе момчето, изјави портпаролот на противпожарната служба, признавајќи дека тоа им била прва задача од ваков вид.
Поради тоа што на неговиот пријател му паднал мобилниот, Като Бернтсен Ларсен се одважил да го извади од септичката јама низ отвор под ВЦ шољата.