Видео: Слеп велосипедист, гледа со помош на ушите

Четириесет и седум годишниот  Даниел Киш кој речиси целиот свој живот е слеп, живее како да нема никаков хендикеп затоа што ја користи техниката позната како ехолокација со помош на која самостојно се движи низ градот и точно да знае што има околу него. Со помош на ехолокацијата вози велосипед и оди на планинарење. Ушите му служат како очи!
Ехолокацијата е техника со помош на која слепите лица го слушаат ехото од звуците кои што самите ги произведуваат со помош на јазикот. На тој начин тие точно може да одредат каде се наоѓаат и што ги опкружува.
Киш е слеп уште од раѓање. Тој се родил со агресивен облик на рак заради што лекарите биле приморани да му ги извадат двете очи за да му го спасат животот. Тој вели дека техниката ја почнал да ја применува уште на возраст од две години.
-Техниката ја усовршив до перфекција. Произведувам звуци со усните. Тие патуваат со брзина поголема од 300 метри во секунда и се одбиваат од објектите што ме опкружуваат. Со помош на тој повратен звук јас можам да заклучам што има околу мене и точно знам каде треба да се движам, појаснил Киш.
Инаку Киш во 2000 година ја формирал непрофитната организација со помош на која тој ја приближува техниката на ехолокација на луѓето од целиот Свет.Четириесет и седум годишниот  Даниел Киш кој речиси целиот свој живот е слеп, живее како да нема никаков хендикеп

Пронајдете не на следниве мрежи: