За прв пат по смртта на популарниот „ловец на крокодили“ Стивен Ирвин, неговиот снимател Џастин Лијонс раскажа што навистина се случило.За прв пат по смртта на популарниот „ловец на крокодили“Стивен Ирвин, неговиот снимател Џастин Лијонс, кој заедно со него нуркал во морето во близина на Квинисланд во Австралија, тој трагичен ден, кога починал од убод на морската риба, прераскажа што се случило.
Според неговите зборови, двајцата ја снимале документарната серија за најопасните животни во океанот, кога огромната морска риба, од видот на ајкула му пришла на Ирвин.
„Одеднаш почна да боде и во само неколку секунди му нанесе стотина убоди”, рекол Лајонс во емисијата „Студио 10″ на една австралиска телевизија.
Идејата била Ирвин да плива покрај рибата долга 2,5 метри, но животното очигледно почнало да чувствува опасност. Лајонс го извлекол Ирвин од вода и го префрлил во чамец.
„На градите имаше рана длабока околу 2,5 сантиметри, а од неа течеше крв. Дополнителни болки му предизвика и отровот што го имаат овие риби”, раскажал снимателот.
„После сè само смирено ме погледна и ми рече: Умирам. Тоа беа неговите последни зборови”, изјавил расплаканиот Лајонс и додал дека и денес е шокиран од несреќата оти сметал дека неговиот пријател е „бесмртен”.
– Светот загуби голем и страсен љубител на животинското царство и живиот свет. Тој почина правејќи го она што најмногу го сака и најдобро го знае“ – рекол Лијонс со насолзени очи.
За прв пат по смртта на популарниот „ловец на крокодили“Стивен Ирвин, неговиот снимател Џастин Лијонс, кој заедно со него нуркал во мор