Франција објави видео снимки и документи кои покажуваат дека хемискиот напад во близината на Дамаск на 21 август е дело на сирискиот режим и според информациите со кои располагаат француските тајни служби во нападот загинале најмалку 281 лице.Ова го објавија француските тајни служби. Документите се по девет страници, а француската влада реши да ги објави во јавноста на располагање на интернет страницата на премиерот на француската влада Жан-Марк Ејро.
„Нападот (од 21 август) беше ‘масивен’, ние идентификуваме 281 смртен случај“ – стои во документот, со кој Париз сака да ја оправда својата позиција наспроти режимот од Дамаск.
Во документот на француските служби одговорноста за нападот категорично се става кај режимот на Башар ел Асад.
„Погодените зони целосно беа под контрола на бунтовниците“ – се вели во владиниот документ. Француските служби располагаат и со снимки, од кои се гледа дека зоната од каде поаѓаат ракетите се држени од режимските сили и дека зоните врз кои паѓаат се држени од бунтовниците.
За да се дојде до овај категоричен заклучок, дека одговорноста за употребата на хемиско оружје е во надлежност на Асад, службите на француското Министерство за одбрана – надворешните разузнувачки слуби и воените медицински служби, анализираа вкупно 47 видео документи снимени изутрината кога се случи нападот.
Во шест од снимките, има исклучително неподносливи сцени на кои се прикажани деца со проблем при дишењето или хиперлачење на плунка и пена на устите. Сите овие документи се достапни за јавноста на веб страницата на француското Министертсво за одбрана.
Според француските служби, овие видео снимки биле направени од лекарите на бунтовниците, од цивили или од сириските бунтовници.
„Се работи за масивно користење на хемиски средства и за операција која истовремено е координирана на повеќе точки од градот. Ниво на совршеност со која владее само режимот. Бунтовниците не се способни да го организираат ова“ – стои во документот.
Француската влада одлучи да објави пред јавноста повеќе доверливи информации со кои располагаа француските тајни служби „со цел да ми покаже на француската јавност јавно дека ние располагаме со информации од национални извори за сириската хемиска програма и за претходните хемиски напади за кое е одговорен режимот и кои беа идентификувани од наша страна“ – пишува во синтезата.
Француските власти исто така тврдат дела режимот од Дамаск е одговорен за најмалку три хемиски напади, како тој во средината на април во Џобар и на 29 април во Саракеб.
Веб страницата на министерството за одбрана на која се наоѓаат документите е пребукирана, но сите документи веќе беа широко дифузирани во француските медиуми, со предупредување дека многу од снимките се забранети за лица на возарст под 18 години. Ова го објавија француските тајни служби. Документите се по девет страници, а француската влада реши да ги објави во јавноста на располагање н