Синоќешното издание на „Јади Бурек“ посветено на објавените томови со досиејата на УДБА беше прилика повеќе граѓани да се охрабрат и да соопштат за своите фамилијарни голготи во периодот по 1945-та година, по „заслуга“ на УДБА и нејзините безмилосни методи на мачење на граѓаните-неистомисленици со тогашниот систем.„Се јавувам од Битола, значи секоја чест на Филип Петровски, во Битола има доста мои генереции од татковци што им лежеле, кој Отешево, кој Идризово, кој Голи Оток. Ние се делиме и денес вака тие луѓе што имаме патено од Полицијата и од УДБА. Во Битола имаше куќи поранешни милициски станици, во тие станици некој ги купи, знаеш се приватизираа направија некој хотел, некој други бизниси, меѓу кои една се вика „Бела куќа“ , поранешна Полиција беше таа во Битола. И таму кога ја реновираше газдата куќата што ја купи, во визбите долу се најдоа 4-5 костури, скелети. Значи уште тогаш таа Полиција во 50-те години кога била изградена Полиција, сега се вика „Бела куќа хотел“, значи мора да има податоци во Битолската полиција за тие коски од черепи кој што беа најдени таму во визбите долу, исто така и кај црквата Св.Димитрија, кај саатот, има една куќа стара, таму има бунар стар бунар, 200 годишен бунар стар, се кажуваше дека и таму некаде навечер ги пуштале в бунар внатре разбираш, тој е длабок бунар е некаде 12-13 метра бунарот е го знаеме и денес постои бунарот во црквата Св. Димитрија во Битола кај саатот кулата“.
Ова е едно од потресните сведоштва, кое сведочи за настан кој допрва треба да биде обелоденет пред македонската јавност.
Гледачот продолжува:
„Друго се градеше над „Тумбе кафе“ како амфитеатар, каменот се носеше од Пелистер одозгора, каменот го носеа овие нашите татковци од УДБА што беа затворени. Се направи амфитеатарот и никогаш не проработи амфитеатарот таму, еве го значи од 50-та година направен е наваму така само кулите седат таму Тумбе кафе, Филип кога дојде в Битола може да му покажеме какви места има и кај се луѓе закопани“.
Во емисијата се јави и внук на Мирко Пецев, еден од 5-те струмички студенти заедно со Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Ѓорги Јарамов, сите на возраст од 20 до 23 години и членови на ВМРО, кои на 13 август 1951 година биле погубени кај селото Дорломбос на планината Беласица, од страна на комунистичките власти во тогашната СРМ во Струмица. Студентите биле стрелани под образложение дека сакале илегално да пребегаат во Грција.
„Јас сум еден од оние семејства кои имаат доста пропатено од тој комунистички период, мислам дека темата ти беше дали сеуште се плаши народот од тие Тајни служби, сметам дека во моментот послободни значи како народ, никогаш не сме биле, зошто овој народ не е свесен во тоа време значи какви торути има преживувани. Јас сум внук на еден од 5-те струмички студенти, вака конкретно мојот дедо е Мирко Пецеов, значи тој има поминато, значи претпоставувам дека знаете за 5-те струмички студенти. Постојано нашето семејство било следено, така да тоа што сакав да го искористам моментот исто да кажам во врска со тоа, значи сега во моментот вакво „Шарениве“ било диктатура, вака така , значи јас сметам дека од моментот подемократски никогаш не се живеело . Значи народот треба да земе да прочита тие историски учебници и да види како било пред 50-тина години, за да свати разликата од тоа време и сега“.
Друг од гледачите обелоденува факти исто така малку познати за пошироката јавност:
„Јас ви зборам за финансиската за економска компонента во овој проблем, значи да речеме од 46-та година боречката организација тогаш броела околу 60.000 члена, замислете околу 60.000 луѓе имале привелигирани работни места, а подоцна и боречки пензии , кои не заслужено ги грабаа ресурсите на оваа општество. Кога ќе се израчуна колку тие пари незаслужено зедоа на грбот на земјоделците тоа е огромен грабеж. Друго ќе кажам на платен список на УДБА имаше околу 20.000 кодши, колкави беа нивните плати, во какви одморалишта летуваа, во какви станови“.
Осврнувајќи се на Ченто, гледачот рече:
„И на крајот на краиштата ќе го споман и Ченто. Кавгата меѓу Ченто и Тито беше за пари, значи првите Југословенски девизи, кои се заработија, беа од извозот на македонски тутун. Ченто бараше тие пари да се вложат во Македонија, меѓутоа Белград тоа не го дозволи, меѓутоа како и денес политичари на џојстик, на дугме, активирани буквално го ликвидираа Ченто и сите кои беа на таа линија. И најголемата трагедија што ни се случи колективно е спроведената колективизација, го истреби македонското село, што е најинтересно несакам да кревам меѓунационална тензија, меѓутоа постојат историски факти за тоа. Колективизацијата не се спроведе во албанското село и нивните села останаа јаки, домаќинот, работникот беа унишени“.
„Се јавувам од Битола, значи секоја чест на Филип Петровски, во Битола има доста мои генереции од татковци што им лежеле за идејата за Македонија и тоа треба да се знае!!“.