ВИДЕО: Свиткана кичма на дело – еве како изгледа измамата на СДСМ

СДСМ повторно продолжува бесрамно да ја лаже јавноста и граѓаните. Граѓаните веќе се свесни дека опозициската партија е спремна по секоја цена да дојде на власт, притоа тргувајќи и со националните интереси на државата. СДСМ синоќа во емисијата „Топ тема“ на дело ја покажа свитканата кичма, по што се поставува прашањето дали има крај на сервилноста на СДСМ?Јавноста знае дека Зоран Заев ја прифати Тиранската платформа, во која стои дека треба да има дебата за промена на националните симболи, знамето, химната и грбот.
Во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма телевизија, Дамјан Манчевски повторно се обиде да манипулира со граѓаните изјавувајќи: „Ставот на СДСМ е дека не треба да има промена на националните симболи, тоа е крај на муабетот“, на што Артан Груби од ДУИ, партијата со која СДСМ има договор да формирање влада, кратко реплицираше дека тоа можеби е крај за нив, не и за ДУИ.
Да се потсетиме, ова не е прв пат СДСМ да ја лаже јавноста, лидерот на оваа партија Зоран Заев, кој сега тврди дека нема да има никаква двојазичност, претходно самиот даваше изјави за двојазичност на целата територија на Македонија.
Заев тврди и дека не се залага за никаква кантонизација на Република Македонија, иако сите убаво се сеќаваат на изјавата која тој во обид за придобивање на што повеќе албански гласови ја даде пред албанската дијаспора во Швајцарија, како и дека треба да се оди над Рамковниот договор.
Пратеникот од Движењето Беса Зеќирија Ибрахими од собраниската говорница пред целата македонска јавност вчера изјави дека БЕСА нема намера да влегува во било каква Влада која што нема да го официјализира албанскиот јазик.
-Движењето Беса нема намера да влезе во било каква влада која што нема да го официјализира албанскиот јазик, изјави Ибрахими.
Очигледно е дека токму тоа е цената која што Зоран Заев ја платил за да ги добие потписите на БЕСА и отткука Заев не може да излезе на говорницата и да каже дека прифатил Република Македонија да стане двојазична со тоа што албанскиот јазик ќе биде втор официјален јазик на државата.Јавноста знае дека Зоран Заев ја прифати Тиранската платформа, во која стои дека треба да има дебата за промена на националните симболи, знамето, х

Пронајдете не на следниве мрежи: