Видео: Таа е пример за другите – Искра е слепа, но свири на клавир подобро од нејзините врсници

Во историјата на нашето училиште досега сме имале можеби само 5 вака талентирани деца – вели Мила Лацковиќ, директорка на музичкото училиште „Коста Манојловиќ“Белград – Кога ќе ја прашаат, Искра вели дека гледа. На 9 години таа сеуште не знае што значи да се биде слеп. А зошто да знае што значи тој збор, кога може се: да свири клавир и виолина, да лизга, да вози ролери и точак, оди во училиште и си игра со другите деца.
Искра Миленковиќ е слепо девојче кое има извонреден музички талент , таа поседува одличен слух што значи дека е во состојба да отсвири се што ќе слушне. Нејзина прва љубов е клавирот но свири и вилолина.
Ова девојче во државниот натпревар на музичните и балетските училишта од Србија, освоила прва награда во категоријата клавир, а сега се подготвува и за во Париз, пред своите врсници низ цела Европа да покаже што знае  и умее.

 
„Искра некои работи подобро ги прави и од средношколка, иако има само 9 години. Во историјата на нашето училиште досега сме имале можеби само 5 вака талентирани деца“ – вели Мила Лацковиќ, директторка на музичкото училиште „Коста Манојловиќ“.
Искра има брат и сестра близнаци. Оваа тројка од Арангеловац е родена со првото одложено породување во Србија и самите по себе претставуваат вистинско медицинско чудо.
Искра е родена прва на 18 февруари 2005 година. После тоа, породувањето е прекинато, а една недела подоцна на свет дошле Ирина и Аљоша. За жал да се биде прв во оваа ситуација на Искра не и донело среќа  – Искра животот го започна во инкубатор, во кој трајно останала без својот вид. Сепак, колку што можело се добро се завршило.

 
Искра има среќа што ги има брат и и сестра и близнаци, бидејќи никогаш не останува дома, тие секаде ја носат заедно со нив, на училиште, на игралиште…Можеби да беше сама немаше тоа да и биде интересно, Ирина и Аљоша постојано ја туркаат меѓу другите деца – вели мајката на Искра, Исидора.
„Децата не го разбираат проблемот на Искра. Нејзиниот другар еднаш рече: Нас учителката ни рече дека Искра не гледа ништо, а таа кога оди никогаш во ништо не се удира, тоа не е возможно, јас би удрил секаде…“раскажува Исидора со насмевка.
Белград – Кога ќе ја прашаат, Искра вели дека гледа. На 9 години таа сеуште не знае што значи да се биде слеп. А зошто да знае што значи тој

Пронајдете не на следниве мрежи: