Видео: Tажна приказна за човек кој останал без половина лице

Човекот на кој поради рак на вилицата морале да му отстранат половина од лицето, сега по десет години за прв пат ја бакнал својата сопруга.Дони Фриц од Џорџија, во 2003 година открил дека боледува од редок облик на рак на вилицата,поради што останал без носот, горната усна и целото непце. Имал свиреп избор, да го спаси својот изглед или да преживее!
Пред десетина години Дони почнал да чувствува необична болка во забите, а како што вели, имал чувство дека ќе му испаднат забите. Одел од доктор на доктор и сите му дијагностицирале синусна инфеекција и му препишувале антибиотици. Но, болката секој ден се повеќе му се зголемувала, додека не дошол до сатдиумот повеќе да не може да џвака.
Едно утро се разбудил со страшна болка и плачејќи ја разбудил сопругата Шерон. Неговиот нос бил воспален и црвен, кога го допрел, големо парче крваво месо излетало, а миризбата била ужасна.
Поради сериозноста на ситуацијата заминале во Аталанта каде конечно му била направена биопсија. Вестите биле запрепастувачки, му бил дијагностициран агресивен облик на рак и докторот рекол дека поголемиот дел од неговото лице мора да се отстрани бидејќи ракот се проширил до коската.

Дони бил соочен со животна одлука дали ќе го спаси своето лице или животот.
„Не бев сгурен дали таа операција воопшто ќе сменеше нешто, бев подготвен да дозволам ракот полека да ме убие, но знаев дека Шерон тоа никогаш не би го дозволила и не би можел да ја оставам сама“,раскажал Дони.
По 12-часовната операција му биле отстранети три облика на рак но кога се разбудил глетката била страшна, единствената работа што во тој момент го радувала било тоа што и понатаму гледал, не морале да му ги отстранат очите.
По операцијата останал со дупка во лицето, па морал да носи протетички имплант. По операцијата добил тешка инфекција поради што морал да го отстрани имплантот, но сега по втората операција вели дека се чувствува способен да излезе меѓу луѓето.

Докторите процениле дека има 2 % шанса да преживее и во наредните 6 години имал уште 35 операции.
„Се срамев да јадам надвор, а надвор децата штом ќе ме видеа, од страв бегаа во прегратките на своите родители“, раскажува тој.
Сега по големиот број операции и „металниот кафез“ кој го носи како маска, Дони конечно има ново лице и конечно може да ја бакне својата жена после десет години и да ја изведе на вечера.
Дони Фриц од Џорџија, во 2003 година открил дека боледува од редок облик на рак на вилицата,поради што останал без носот, горната усна и целото неп

Пронајдете не на следниве мрежи: