На Јутјуб се појави снимка од телефонскиот разговор помеѓу двајца руски амбасадори, во кој се откриени нивните амбиции за ново територијално проширување.Станува збор Игор Чубаров – амбасадорот во Еритреја и за Сергеј Бахарев кој е амбасадор во Зимбабве и Малави.
„Сега го имаме Крим, но тоа не е се народе. Во иднина на тоа ќе ги додадеме и Каталонија и Венеција, како и Шкотска и Аљаска“, вели Бахарев.
На тоа се надоврзал Чубаров кој додал дека Русија ќе ги урне границите на Романија, Бугарија и Естонија. Снимениот разговор бил исполнет со многу пцовки и викања.
Претставникот на руското Министерство за надворешни работи излегол со изјава дека снимките и сликите од разговорот не се автентични, бидејќи оној кој треба да го отсликува амбасадорот Бахарев, всушност е дипломат кој починал минатата година.
Станува збор Игор Чубаров – амбасадорот во Еритреја и за Сергеј Бахарев кој е амбасадор во Зимбабве и Малави.
„Сега го имаме Крим, но