Британската TV станица „Channel 4“ снимила документарец за Стинсон Хантер, самопрогласен „Ловец на педофили“ од Нанитон, кој до сега помогнал да бидат изведени пред суд десет педофили, вклучувајќи и војници, наставници и адвокати. Хантер и членовите на неговата екипа се представувале како момчиња и девојчиња во интернет и sms комунијацијата. Минатата година Хантер предизвикал бура во јавноста бидејќи е одговорен за самоубиство на еден од педофилите кои ги разоткрил.Хантер, кој инаку е поранешен зависник од дрога, со своето друштво ги намамува педофилите во куќа каде овој очекува да се сретне со дете со кое комуницирал. Камерата секогаш била подготвена да го сними педофилот пред овој да сфати што се случува.
Кога педофилот ќе влезе во куќата, еден од членовите на тимот на Хантер бара од него да се представи по што почнува да го фотографира.
Во документарецот не се гледа лицето на педофилот, но се гледа моментот кога почнува драматичната потера бидејќи педофилот се обидува да избега од куќата. Хантер и помошниците викаат по него да застане и му велат дека информациите ќе бидат предадени во полиција.
Ова видео е промотивен клип на едночасовниот документарец кој „Channel 4“ ќе го емитува и кој ќе го следи начинот на кој Хантер и неговите соработници стапуваат во контакт со педофилите преку интернет и мобилните апликации за да ги намамат во стапица.
Хантер во филмот вели дека секој член од неговиот тим има дефинирана улога. Грејм, кој се појавува во промотивниот клип е задолжен за техничка поддршка и се занимава со монтажа на снимениот материјал.
Хантер и неговите пријатели ги предаваат смс и дугите пораки, како и видео снимките во рацете на полицијата. Тоа до сега резултирало со десет судски пресуди.
Во документарецот се гледа како тимот на Хантер подготвува стапица за одреден педофил. Еден од членовите на екипата го следи таксито додека зборува на теефон со други двајца „колеги“. Тие за тоа време нервозно гледаат низ прозорот додека чекаат таксито да се паркира во близина на куќата.
Кога еден од челеновите ќе викне „стигна таксито“, тие двајца излегуваат со камера да го разоткријат педофилот. Мајкал Паркес (45), минатата година си го одзел животот откако бил разоткриен во една од акциите на Хантер.
Хантер, кој инаку е поранешен зависник од дрога, со своето друштво ги намамува педофилите во куќа каде овој очекува да се сретне со дете со кое ком



