Видео: Трагичната живнотна приказна за момчето кое гледа без очи!

Бен Андервуд е слеп. Очите му биле отстранети кога имал само 3 години, но од тогаш нормално и активно се развива. Се прашувате како?! – Со помош на звук.Бен Андервуд живее со неговото семејство во Сакраменто. Бен секојдневно дели вообичаени работи со слепите луѓе, како на пример говорниот компјутер преку кој создава зборови за своите рап песни. Но, една работа која е необична за слепите лица, Бен ја прави без никаква помош. Тој се движи без помош на куче водич и стап за одење. Не ги користи дури ни рацете за допири. Наместо тоа, тој гледа сè со помош на звукот.
Тврди дека може да ја чуе близината на објектите, па така многу лесно може да каже што и каде се наоѓа. Бен е единствениот на планетава кој го може тоа. Препознавањето на звуците е толку силно и добро, што неговата мајка и брат не признаваат дека Бен е слеп.
Момчето се родило потполно здраво , со темни очи како и својата мајка. Но, кога наполнил 2 години мајка му сфатила дека нешто не е во ред со неговите очи, за нешто подоцна да открие дека во неговите очи се развива тумор. И тоа тумор од редок вид, каков што се јавува само во 1 случај на 6 милиони.
Во обидот да ги спасат неговите очи, докторите веднаш започнале со кемо и радиотерапија, но по 10 месеци туморот и понатаму растел. Неговата мајка морала да одбере: неговите очи или неговиот живот. До ден денес мајката на Бен постојано му го објаснува светот за да може целосно да го доживее.
Една година по операцијата на очите, се случило чудо. Додека се возеле во автомобилот, малиот Бен ја запрашал неговата мајка која е таа зграда покрај која минале. Ушите на Бен собирале звуци од прометот кој се рефлектирал на околните згради. Гледањето со помош на очите го променил неговиот живот.

 Меѓутоа, кога Бен наполнил 7 години открил нова способност: научил да чука по предметите. Со текот на годините создал свој и единствен начин да ги распознава предметите по начинот на кој тие чукаат, што му донело голема храброст и способност за да започне да вози скејт.
Но, училиштето не било баш најдобро искуство за Бен. Мајката на Бен ја замолиле да го запише во училиште наменето за дечиња со посебни потреби, но таа силно била убедена дека ќе направи грешка. Нешто подоцна, во тоа успеала да ги убеди и сите останати.
Бен денес е тинејџер и верува дека знае сè! Без оглед на неговиот хендикеп, живее со полни гради и не дозволува никој да му застане на патот.
Бен Андервуд живее со неговото семејство во Сакраменто. Бен секојдневно дели вообичаени работи со слепите луѓе, како на пример говорниот компјутер

Пронајдете не на следниве мрежи: