ВИДЕО: Три часа се борела со водата за да го спаси 3-годишното девојче

Не размислував дали сум жива или мртва, само посакував побрзо да стигне на безбедно, Стефи беше во моите раце, стравував за нејзиниот живот чувствував дека само секунди не делат од смрт, се присетува 22-годишната Алмина Алиловиќ од населбата Економија за тричасовната битка со надојдената вода во саботната ноќ, објави Канал 5.Младата девојка, заедно со мајката и братот,  во тешки моменти не дозволиле паниката да преовлада туку покажале голема сила, храброст и херојство, Алмина, студентка на Факултетот за безбедност, вели кога почнало да врне ниту помислиле дека толкава вода само за неколку минути може да дојде до висина од метар и половина.
Кога водата почнала да надоаѓа и да ги поплавува куќите, нивните соседи брачен пат со две дечиња – четиримесечната Стефанија и тригодишната Јован и нивната баба дошле во домот на семејството Алиловиќ. Но, набрзо нивото на водата почнала нагло да расте, куќата да се тресе од силината на водениот бран.
Бабата на девојчињата присетувајќи на кобната саботна ноќ вели одвај глава спасиле, домот и е уништен, но среќна е што внучињата се здрави и живи.
Поплавата, како и на илјадници други семејства, ги уништи домовите на жителите на Економија.
Мајката на Алмира вели веќе почнале со расчистување, но стравува дека домот што го градела со децении со сопругот, кој починал лани, повеќе не е безбедно живеалиште. Ѕидовите се испукани, таванот се заканува да падне.
Интернатот „Партенија Зографски“, е местото каде Стефанија и Јована ќе поминат дел од детските денови. Семејствата се надеваат дека по овие лоши денови, ќе добијат доволно помош за да изградат нови домови, безбедни за детските животи кои ги спасија во поплавата.
Младата девојка, заедно со мајката и братот,  во тешки моменти не дозволиле паниката да преовлада туку покажале голема сила, храброст и херојс

Пронајдете не на следниве мрежи: