Видео: Турција на работ на граѓанска војна

Вооружени војници на попладне беа разместени во истанбулскиот кварт Меџидијекој, од каде минува една од улиците за плоштадот Таксим. Војниците се подготвени да ги нападнат демонстрантите.
Притоа, на пладне полиција повторно со солзавец и воедни топови нападна една група демонстранти во соседниот кварт на плоштадот Таксим, Елмадаг. При нападот неколку лица се ранети.
На плоштадот Таксим не е дозволено присуство на луѓе, освен оние кои имат пропусници.
Не стивнуваат протестите против полицијата, која синоќа со исклучителна жестина ги нападна демонстрантите во паркот Гези, и покрај тоа што претходно тие ги повлекоа барикадите, што го преградуваа влезот во паркот, за да можат луѓето слободно да влегуваат и излегуваат и изјавија дека протестот ќе го ограничат само во рамки на паркот.
Демонстрантите денеска попладне повторно почнаа да се собираат околу плоштадот Таксим, што е окупиран од полиција. Сите приоди кон плоштадот Таксим се блокирани. Не се дозволува дури и присуство на туристите. Властите натераа и некои од хотелите околу плоштадот Таксим да бидат ослободени од туристи.
За денеска на плоштадот Таксим е предвидено оддржување антивладин митинг против бруталните дејствија на полицијата при задушувањето на протестите за паркот Гези. Митингот го свикаа синдикатите, форумот „Солидарност за Таксим“ и опозициската Народнорепубликанска партија.
Илјадници луѓе од азискиот брег на мегаполисот, од островите, населбите Измит, Коџаели се собираат во соседните квартови на Таксим – Бешикташ и Мачка, од каде имаат намера да отидат до плоштадот, што е окупиран од полицијата.
Лидерот на опозициската Народнорепубликанска партија, Кемал Калачдароглу го обвини премиерот Ердоган и владата за бруталните дејствија на полицијата во паркот Гези, изјавувајќи дека „бруталните дејствија на полицијата против демонстрантите се злосторства не само против демократијата, туку се злосторства против човештвото“.
Во Анкара пратеници на Народнорепубликанската партија застанаа против полицијата за да ги чуваат луѓето кои се собрани на протести против неа.
Стотици антивладини демонстранти изминатата ноќ беа ранети откако турската полиција употреби прекумерна сила за да ги истера од паркот Гези во Истанбул, соопшти денеска групата што ги организираше протестните активности – движењето „Солидарност за Таксим“, пренесе ДПА. 
Полицијата од паркот избрка над 10.000 демонстранти, во акција што почна синоќа, а во која употреби водени топови и солзавец. 
Сведоци на настанот тврдат дека неколку стотици полицајци упаднале во кампот од шатори на демонстрантите во Гези на плоштадот Таксим.
Од движењето „Солидарност за Таксим“ изјавуваат дека силите за безбедност прекумерно употребиле и гумени куршуми и солзавец и посочија дека во паркот имало жени, деца и возрасни луѓе.
Движењето оваа полициска акција ја оцени како злосторство врз човештвото.
Активистите инсистираат полицијата да престане да им пречи и на работата на лекарите, кои доброволно им укажуваат помош на демонстрантите, информира ДПА. 
Турските демонстранти вчера посочија дека нема да се повлечат од паркот Гези во Истанбул и покрај повикот на претседателот Абдула Ѓул да го прекинат протестот и ветувањето на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека ќе се спроведе референдум во врска со плановите за реконструкција на паркот.
-Секој кој протестира на плоштадот Таксим ќе биде сметан за терорист, изјави синоќа во телевизиско интервју турскиот министер за ЕУ,Егемен Багаш, посочува турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Напрегнатоста во Турција ескалира и веќе му се заканува на граѓанскиот мир во земјата.
Извор: denesen.mkВооружени војници на попладне беа разместени во истанбулскиот кварт Меџидијекој, од каде минува една од улиците за пло

Пронајдете не на следниве мрежи: