Видео: Турскиот лидер, преку конфликти, ја зацврстува својата моќ!

Протегајќи се над речиси 50 хектари шумско земјиште што некогаш беше приватен имот на „таткото на модерна Турција“, Мустафа Кемал Ататурк, е нов претседателски имот со речиси 1000 соби, систем со подземен тунел и најнова технологија за анти-шпионирање.  Поголем е од Белата Куќа, Кремљ и Бакингемската палата. Цената на целокупниот објект е речиси 350 милиони долари. Вклучен е и високо-технолошки претседателски авион (проценета цена од 200 милиони долари), а не да се спомене и новата претседателска канцеларија во реставрираниот отомански замок со поглед на Босфор, со цел да се излезе во пресрет на големите амбиции на еден човек: претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган е на власт повеќе од една деценија. Тоа е исламски политичар и премиер кој често се сметаше како пример во муслиманскиот свет за усогласување на својата вера со демократијата. Како и претседателот на Русија, Владимир Путин, не е важно која позиција ја држи. Тој е врховен лидер на неговиот народ.
Во Турција, претседателот е технички втор после премиерот. Но, во пракса, кога г-динот Ердоган беше избран за претседател во август, тој ја апсорбираше моќта и привилегијата на премиерското место во својата нова позиција. И како и Путин, кој исто така се префрли на претседателската функција,  колку што повеќе порасна моќта на Ердоган, толку повеќе се зголемија тензичните односи со САД.
„Тој навистина ги држи двете функции, на многу начини“, изјави Стивен А. Кук, експерт за Турција и соработник во Советот за надворешни односи.
На почетокот на годината, ништо од ова не беше обезбедено. Сеуште опоравувајќи се од непријателските демонстрации во летото 2013 година, Ердоган беше соочен со голем корупциски скандал, предизвикувајќи голем број аналитичари да предвидат пад на неговата влада.
Наместо тоа, тој го користеше својот конфликт со Вашингтон и неговите непријатели како сила, за да помогне во зацврстување на власта. Тој ја собра неговата конзервативна база, позади религиозната агенда, судирајќи се со политиката на САД за соочување со милитантите од ИСИС. Како што предизвиците на Турција се зголемуваа – борбата на границата со Сирија, затегнати односи со своите сојузници во НАТО, притисок врз економијата – така авторитетот на Ердоган стануваше се поголем и поголем.
Ахмет Давутоглу, поранешниот министер за надворешни работи, е премиер на Турција. Но, Ердоган е тој, кој на телефон разговара со претседателот Обама за улогата на Турција во борбата против ИСИС, додека Белата куќа ги потсетува американските дипломати да го вклучат и г-динот Давутоглу во дискусиите меѓу двете земји. 
Вклучен е и високо-технолошки претседателски авион (проценета цена од 200 милиони долари), а не да се спомене и новата претседателска канцеларија в

Пронајдете не на следниве мрежи: