Бројот на жртви секојдневно се зголемува, од минута во минута, а исто така се зголемува и бројот на повредени. 61.500 луѓе се евакуирани, соопшти центалната Агенција за граѓанска заштита на Хаити.Бројот на загинатите по ударот на ураганот Метју порасна на 877, а погодени се претежно неразвиени села. Бројот на исчезнатите исто така расте.
Околу 61.500 луѓе се евакуирани на безбедно. Ураганот зад себе остави огромен хаос, па освен загинатите и повредените, многу граѓани останаа и без дом, а целосно се оштетени и патиштата, што дополнително ја отежнува ситуацијата.
Хаити е честа мета на природните катастрофи, а најмногу на ураганите. Во јануари 2010 година беше погоден од разорен земјотрес што зад себе остави над 250.000 мртви.
Бројот на загинатите по ударот на ураганот Метју порасна на 877, а погодени се претежно неразвиени села. Бројот на исчезнатите исто така расте.