Најпопуларниот празник во поранешна Југославија е „Денот на младоста“ кој се славел на денешен ден, 25 мај.Во текот на 4 децении, секој 25 мај се славел службениот роденден на Јоспи Броз Тито. По 1957 година тој ден добил назив „Ден на младоста“, а по неговата смрт таа манифестација се викала „И после Тито – Тито“.
Според правилата, од публиката од средиштето на манифестацијат илегувале познати спортисти и други угледни млади лица, цврсто држејќи Штафета на младоста и трчајќи преку стадионот, качувајќи се до свечената трибина на која бил Тито, Јованка и најблиските соработници. Штафетата секоја година била поинаку дизајнирана, а во неа се наоѓале пораки од младите луѓе на СФРЈ за саканиот претседател од сите земји припаднички на СФРЈ.
Последната Штафета е направена и донесена во Белград 1987 година, седум години по смртта на Тито. Целиот тогашен настан бил пропратен со скандал во кој била вклучена и полицијата и војската.
Празникот кој се одбележувал како роденден на претседателот Тито, успешно ја преживеал и неговата смрт и распадот на Југославија, па и ден денес многумина го одбележуваат, а има и такви кои тврдат дека тогаш се живеело подобро отколку денес.
Во текот на 4 децении, секој 25 мај се славел службениот роденден на Јоспи Броз Тито. По 1957 година тој ден добил назив „Ден на младоста&ldq
Пронајдете не на следниве мрежи: