Специјалните полициски сили Беркут, кои што се пресметуваа со радикалните демонстранти на масовните протести во Киев беа распуштени кон крајот на февруари. Според зборовите на кандидатот за претседател Олег Царев, власта им нуди 200.000 долари на членовите на Беркут за да се вратат на должност.Новите власти во Украина изјавија дека се сомневаат дека 20 члена од Беркут биле вмешани во пукање од снајпер на главниот плоштад Мадан. Беркут го демантираше тоа.
Претставникот кој е задолжен за прифаќање и сместување на припадниците на Беркут во Русија-Алексеј Лобарев, порано има изјавено дека се сомнева дека тие ќе се вратат во Украина поради недовербата кон власта во Киев. Тој додаде дека владата која што се формираше при транзицијата не им гарантирала безбедност.
Владата во транзицијата им има понудено 200.000 долари да се вратат, но како што пренесуваат официјалните извори тие ја одбиле оваа сума.
Веднаш по покренувањето на случајот против припадниците на Беркут од страна на Киев, рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев им понуди да се преселат во Русија, каде што владата ќе им помогне да најдат сместување, да си ги школуваат децата и да пронајдат работа – пренесува РИА Новости.
Новите власти во Украина изјавија дека се сомневаат дека 20 члена од Беркут биле вмешани во пукање од снајпер на главниот плоштад Мадан. Беркут го