Сценариото за кражба на изборната победа не` прави поцврсти, поодлучни и поединствени во нашата намера да ја одбраниме демократијата, затоа што ние сме на страната на народот, правдата, правото и вистината и во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот на Извршниот комитет на партијата од саботата.Ова го истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на одлуката на Управниот суд кој се однесува на уважување на тужбата на СДСМ за прегласување на гласачкото место 2011 во Теарце.
-СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви, додаде Тодоров.
Ова го истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на одлуката на Управниот суд кој се однесува на уважување на тужбата на СДСМ за прегласување