Со авионот кој патувал од Тревизо за Приштина, управувал претседателот на аеро клубот Франческо Монтањер. Во авионот се наоѓал и потпретседателот Дарио Бастасин заедно со Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти, косовецот со италијански пасош Висар Бегај, како и неговиот брат.Членот на клубот за ТВ Нова раскажува дека паднатиот авион всушност бил дел од група составена од три авиони кои летале од Тревизо за Приштина, а претставниците на италијанскиот аеро-клуб требало да отворат сличен спортски клуб и во Косово.. Од аеро клубот Тревизо велат дека авионот требало само да слета за да дополни керозин во Македонија и да продолжи за Косово. На приштинскиот аеродром немало гориво какво што е потребно за авионот Пајпер…Во аероклубот се сомневаат дека причината за несреќата било невремето во Скопскиот регион.
За Монтањер, пишуваат италијанските медиуми, беше многу добар пилот и главна личност за аеро клубовите. Во текот на целиот свој мандат се бореше да го задржи вниманието, просторот, страста за летање. Но, во 2010 година се појави во весниците поради грешка направена на аеродромот во Тревизо каде било напишано „Летот е бесплатен за вас“, на влезот во аероклубот и „Работата е бесплатна“, алудирајќи на концентрациониот логор Аушвиц. Обвинителот тогаш интервенирал, а ознаките морале да бидат тргнати.
Подоцна познатиот пилот беше ослободен од судот во Тревизо од обвинението за поттикнување на расна омраза, за својата иницијатива за одбрана на места и активности во аеро клубот. По овој публицитет, тој тврдеше дека немал намера да ги навреди жртвите на Холокаустот, наведуваат медиумите во Италија.
На само 4 минути пред слетувањето на скопскиот аеродром, на два километри од селото Кожле во општина Петровец вчера се урна малиот приватен авион на познатиот Монтањер.Членот на клубот за ТВ Нова раскажува дека паднатиот авион всушност бил дел од група составена од три авиони кои летале од Тревизо за Приштина, а п