Пијавицата нараснала дури 7 сантиметри и секој пат кога ќе се свиткала, го блокирала доводот за воздух, што предизвикало губење на свест кај момчето.Момчето Ксиабо Чијен (11) често се жалел на болка во грлото и вртоглавица, се додека не се открила вистинската причина за неговата мака. Во неговото грло е пронајдена пијавица која му растела во вратот и предизвикала детето да ја изгуби свеста.
– На почетокот мислевме дека има грип бидејќи се жалеше на вртоглавица и воспаление на грлото – вели неговата мајка Ксианг Тунг (33).
Лекарите на кинеската провинција Сечуан му направиле рендгенски преглед на детето и се запрепастилеод тоа што го откриле. Детето всушност пиел вода и така ја проголтал ларвата пијавица која на крајот завршила во неговиот респираторен систем.
Постои сомнеж дека еден ден после училиште застанал покрај патот и се напил вода од езерце, кое им служи на фармерите за наводнување на околните земјоделски површини.
Пијавицата нараснала дури 7 сантиметри и секој пат кога ќе се свиткала, го блокирала доводот за воздух, што предизвикало губење на свест кај момчето. Малиот штетен организам е изваден од грлото на момчето без никакви компликации, а несреќното дете сега се чувствува подобро.
Момчето Ксиабо Чијен (11) често се жалел на болка во грлото и вртоглавица, се додека не се открила вистинската причина за неговата мака. Во неговот
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.