Видео: Во иднина оваа вештачка мембрана ќе спасува човечки животи

Научниците од Универзитетот Илиноис со помош на колегите од Универзитетот во Вашингтон создадоа најверојатен изум која во иднина би можел да спасува многу човечки животи. Станува збор за револуционерна електронска мембрана или ракавица како што ја нарекуваат, а ова ново откритие би можело да ги замени досегашните пејсмејкери.Мембраната се навлекува на срцето на пациентот, а мрежата на сензори и електроди, постојано ја следи неговата работата и дава мали електрошокови за да ја одржи здравата активност на овој важен орган во телото.
Со користењето на 3Д принтер е создаден прототипот кој е тестиран на зајачко срце, а органот продолжил совршено да работи, дури и по вадењето од телото на животното.
„Штом детектира потенцијално фатални настани како аритмија или срцев удар, ја активира соодветната терапија“ – изјавил инженерот Игор Ефимов од Универзитетот Вашингтон кој помогнал во дизајнот на уредот.
 

 Важно е да се спомне и дека слични решенија постојат од раните 80-ти години, но досега не можеше совршено да се прилагодат на срцето на пациентите. Сепак тој проблем е елиминиран благодарение на новата технологија.
Џон Роџерс, научникот од Универзитетот Илиноис „навлаката“ ја споредил со мембраната на срцето, објаснувајќи дека ваквите решенија во иднина можат да спасуваат илјадници животи.

Извор: КајганаМембраната се навлекува на срцето на пациентот, а мрежата на сензори и електроди, постојано ја следи неговата работата и дава мали електрошокови за

Пронајдете не на следниве мрежи: