Видео: Во Русија експлодира полигон за тестирање на муниција – Евакуирани се преку 6.000 луѓе

Повеќе од 6.000 луѓе биле евакуирани по пожарот кој настанал од експлозија на полигон за тестирање на муниција во рускиот град Чапајевск, а 48 луѓе побарале медицинска помош.
Според најновите податоци од регионалниот истражен комитет, по експлозијата минатата ноќ, која доведе до пожар во военото складиште, 11 луѓе биле задржани во болница.
Властите од регионот Самара, каде се наоѓа градот Чапајевск, соопштиле дека станува збор за полесни повреди, пренесува агенцијата Itar Tass.
Евакуирани се претежно жителите на населбата Нагорни, оддалечено околу пет километри од воениот магацин, извести АФП.

Експлозијата се случила во 19 часот по локално време, уништувајќи граната на полигонот за  тестирање на муниција, а потоа избувнал и пожарот, кој предизвикал дополнителни експлозии.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека утрово ситуацијата се стабилизирала, бидејќи се намалил бројот на експлозии околу два часа по полноќ, но пожарот продолжил и понатаму да гори.

Истражниот комитет исто така, најави дека во складиштето има околу 18 милиони гранати и други парчиња муниција.

Во најлош случај експлозиите би можеле да траат 2-3 дена, оцени заменик – директорот на Управата за оружје, муниција и специјализирани хемиски средства на руското Министерство за трговија Александар Кочкин.
На YouTube, во меѓувреме, се појавија и неколку снимки каде што може да се види моментот кога се случила експлозијата.Повеќе од 6.000 луѓе биле евакуирани по пожарот кој настанал од експлозија на полигон за тестирање на муниција во руск

Пронајдете не на следниве мрежи: