ВИДЕО: Во Украина дивеат американски платеници

Се појавија шпекулации околу доаѓање на американски платеници во Украина.На „Jутјуб“ се појавија неколку снимки од вооружени војници без никакви ознаки, како патролираат низ Доњецки, градот кој денеска врие од проруски демонстранти. На едно од видеата се слушаат и повици: „Blackwater! Blackwater!“, пишува „Дејли мејл“.Официјалните соопштенија на еден руски дипломат за доаѓањето на 300 платеници во Украина во комбинација со ова видео на „Јутјуб“ покренаа дебати за американските платеници. „Blackwater“ војниците, денеска се познати под името „Аcademi“, a станува збор за членови на приватна компанија која учествува во воените мисии. Преку приватни договори „одработиле“ и во Ирак, Авганистан, а сега најверојатно и во Украина.

Стручњаците велат дека е тешко со сигурност да се каже дали маскираните војници навистина се американски платеници, но не негираат и дека тоа е сосема возможно. Доколку навистина станува збор за платеници се поставува прашањето: со какава цел дошле во Украина? Постои можност да станува збор за некакава руска пропаганда, активност на платениците на улиците на Путин би му дала повод за вооружена акција за која веќе доби одобрување од парламентот.

Извор: РепубликаОфицијалните соопштенија на еден руски дипломат за доаѓањето на 300 платеници во Украина во комбинација со ова видео на „Јутјуб“ покрен

Пронајдете не на следниве мрежи: