Видео: Заборавете на микробрановата, ова е најдобар начин да го одмрзнете пилешкото месо

Им се случува и на најдобрите да ги подготват намирниците, да почнат со  подготовка на ручекот, а потоа да сфатат дека месото се уште не го одмрзнале.Џеф Портер, автор на книгата „Готвење за почетници“, објаснува зошто ладната вода е најдобар начин за одмрзнување на пилешкото месо.
Иако многумина мислат  дека најсигурниот начин за одмрзнување  е да го оставите месото навечер на работната површина, Потер вели дека тоа не е најдоброто решение, бидејќи месото би можело да се расипе.

Одмрзнувањето во микробранова печка исто така не е добро решение, бидејќи месото буквално се пече на некои места додека на други  едноставно не се одмрзнува.
Според зборовите на овој ценет готвач, најдобро и најбрзо ќе го одмрзнете месото доколку го оставите да отстои во ладна вода или едноставно да го ставите во мијалникот и да ја отворите славината.

Џеф Портер, автор на книгата „Готвење за почетници“, објаснува зошто ладната вода е најдобар начин за одмрзнување на пилешкото месо.

Пронајдете не на следниве мрежи: