Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска продолжи со своите лаги и без око да му трепне призна дека го излажал Судот во врска со случајот поврзан за негова наводна средба со италијанскиот амбасадор.Немав никаква средба со било кого, напиша на Твитер италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео откако во медиумите беше објaвено дека причина за одлагање на судското рочиште за случајот „Поткуп“, поради наводна средба на обвинетиот Зоран Заев со италијанскиот амбасадор.
– Немав никаква средба со било кого. Секоја поинаква вест е целосно неточна. Благодарам- напиша Ромео на Твитер.
Откако Ромео ја демантираше средбата и не му помина лагата на Заев, првиот човек на СДСМ излезе со нови тврдења дека средбата не била со амбасадорот, туку со конзул. Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање, призна дека го излажал Судот.
-Заради тоа што судскиот процес се одложуваше на два пати, тие што го следеа, не можев јас да ја потврдам средбата со италијанскиот амбасадор и се оствари средба со италијанскиот конзуларен претставник или репрезент за она за кое што разговараме со сите амбасадори, рече Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.
Заев можел со конзулот да се сретне и во друг ден или истиот ден во друго време. Како претседател на најголемата опозициска партија, не е никаков проблем да закаже друг термин во истиот или ден пред или потоа. Но, Заев со намера закажува точно во исто време со судот со цел да избега од правдата. Всушност овој пат и не закажал, туку излажал дека закажал, не очекувајќи дека ќе биде демантиран.Немав никаква средба со било кого, напиша на Твитер италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео откако во медиумите беше објaвено дека причина з