Видео: Заев потврди дека СДСМ ќе лови албански гласови со воведување двојазичност

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за НОВА ТВ потврди дека со воведување двојазичност, СДСМ ќе лови албански гласови. Заев најавува двојазичност во цела Македонија доколку неговата партија дојде на власт. Заев на следните избори очекува да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок.Тој во интервју за НОВА ТВ вели дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци.
 
-Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, рече Заев.

Лидерот на СДСМ не крие дека антимакедонската политика има единствена цел, да им се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.
 
Експертите во повеќе наврати коментираа дека Заев е свесен дека нема поддршка кај македонското гласачко тело, па во обид да спаси што може да се спаси им се додворува на Албанците надеајќи се дека тие ќе го извлечат од катастрофата која го чека на 11 декември.Тој во интервју за НОВА ТВ вели дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскио

Пронајдете не на следниве мрежи: