На прв поглед се чини дека станува збор за музеј на фабрика Мател, но две илјади барбики и една илјада кеновци го красат домот на американскиот колекционер Стенли Колорит. Овој 41-годишен маж кој сам себе си се нарекува Барби-мен, популарните кукли почнал да ги собира пред 20 години, а годишно за својата колекција троши 30.000 долари. Првата Барбика ја купил во 1997 година, а отогаш купува барем 20-тина месечно патролирајќи во продавниците со играчки, аукциите и барајќи драгоцени пластични убавици на иБеј. Четирите соби и купатилото во неговиот дом на Флорида се претворени во мал храм кој одава чест на малата кукла. Освен 2000 барбики и 1000 кукли од нејзиниот пријател Кен од кои некој се и по 3000 долари , Колорит чува и облека за нив вредна околу 3.000 долари. Колорит живее со своето момче 61 годишниот Денис Шликер кој му помага во собирањето на куклите. Стенли е воодушевен од својот мал музеј од барбики и се радува на секој посетител.
„ Не ми треба плата за мојот музеј. Мојата куќа е мој дврец, тоа е мојата Барби куќа од соништата“ , вели тој.На прв поглед се чини дека станува збор за музеј на фабрика Мател, но две илјади барбики и една илјада кеновци го крас