Видео: Запознајте го Бу, најслаткото куче на светот!

Тоа потекнува од расата Померанец и е најпознатиот пример од ваков вид чиј сопственикот, кој е извршен директор на Фејсбук, му отвори профил на оваа социјална мрежа.

Неодоливото меко кремасто кученце со големи, темни очи никого не остава рамнодушен, а тоа е Бу (Boo) – најубавото куче во светот и најголемата интернет сензација.
Имагинативните коментари под сликите на Facebook прават луѓето дополнително да се „растопат” кога го гледаат ова животно.
Бу има навика редовно да честита празници, да изразува неодобрување кога сопствениците го оставаат сам во куќата, и е навикнат со обожавателите да ги споделува неговите најтајни мисли, сомнежи и радости. Тој редовно се јавува од патување во Сан Франциско, Њујорк или во удобен кревет по релаксирачка бања, вечера или исцрпувачка потера по сопствената опашка.

Големата популарност го натера сопственикот на кучето да напише книга, „Boo: Авантурите на најслаткото кученце”, која има постигнато голем успех, и е преведена на 10 јазици. Потоа книгата беше проследена со уште една, „Boo: Мало куче во голем град”, која исто така имаше голем успех, особено меѓу младите.
Неговата популарност беше дополнително зголемена откако пејачката Келсо напиша на Твитер дека има нов дечко и постави линк од профилот на Бу. Исто така и Ким Кардашијан беше воодушевена кога прв пат го виде.
– Ова е најубавото куче во светот – изјави свршеница на Кание Вест.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тоа потекнува од расата Померанец и е најпознатиот пример од ваков вид чиј сопственикот, кој е извршен директор на Фејсбук, му отвори профил на ова

Пронајдете не на следниве мрежи: