Пет секунди без кислород не делува страшно, но всушност би имало погубно дејство по сите нас. Тимот на Базфид се запрашал и направил видео во кое објаснува што би се случило доколку Земјата остане без кислород на само пет секунди.Иако сите ние би можеле да не дишиме на пет секунди, тоа не е единствената работа поради која би требало да се грижиме доколку нема кислород.
Сите кои се надвор веднаш би добиле силни изгореници од сонцето. Кислородот во воздухот ја штити нашата кожа од ултравиолетови зраци и само пет секунди без него би било погубно за кожата изложена на сонце.
Небото веднаш би се затемнело, бидејќи помал број на честички од кои се одбива светлината значи и потемно небо, а сите необработени делови од метал би се прилепиле еден за друг, бидејќи кислородот е единствена работа која ги спреува да се спојат.
Бидејќи луѓето би изгубиле 21 процент од воздушниот притисок во ушите, на сите би им експлодирало внатрешното уво, бидејќи внатрешните делови од слушниот систем не би го издржале притисокот.
Би се срушиле сите бетонски згради. Тие би се претвориле во прав, бидејќи кислородот е важен материјал за поврзување на бетонот.
Ниту пак зголемувањето на количината на кислород на Земјата не би било баш пожелно.
Луѓето би станале посреќни, а когнитивните и физичките способности на луѓето би биле подобрени. Тоа е позитивна страна, но во исто време би дошло и до појава на џиновски инсекти кои би ни правеле големи проблеми, бидејќи нивната величина е условена од количината на кислород.
Иако сите ние би можеле да не дишиме на пет секунди, тоа не е единствената работа поради која би требало да се грижиме доколку нема кислород.



