Видео: Завршува ерата со трговија на органи!

Звучи невозможно, но научниците кои истражуваат во областа на регенеративната медицина се еден чекор поблиску кон создавањето на органи во лабораторија кои понатаму ќе можат да бидат трансплантирани.Напредувањето во медицинската технологија ни помогна да живееме подолго. Сега, истражувачите бараат начин да поправаат, обновуваат или заменуваат човечки органи кои биле оштетени од хронични болести, трауматски повреди, срцев удар или природно стареење.
“Медицината спасува луѓе, кои претходно не можевме да ги спасиме,” изјавува др. Дорис А. Тејлор, директор на истражувањата во регенеративната медицина од Тексашкиот институт за срце во Хјустон.
Така, побарувачката за органи е поголема од бројот на достапните. “Секоја година илјадници луѓе починуваат, чекајќи за орган,” вели Тејлор. Таа врска помеѓу понудата и побарувачката е еден фактор кој ги доведе научниците до поиновативни третмани; сега за сега, овие третмани звучат како да оживеала научната фантастика.
Погледнете што им е достапно сега на пациентите, кои третмани клинички се употребуваат и  што сакаат да постигнат научниците во иднина.

Регенеративна медицина:
Како директор на Институтот за регенеративна медицина во Винстон- Салем, Северна Каролина, др. Антони Атала истражува методи со кои ќе може да поправи или врати – или “регенерира” – оштетени или ослабени ткива и органи преку користење на клетките на пациентот и способностите за заздравување.
Еве го идеалното сценарио, како тоа би можело да се постигне: Пациентот донира клетки, или со биопсија или со давање крв. Лабораторијата ги користи клетките од овој материјал за да се засеат на калап кој ја има формата на потребниот орган. Потоа, може да се создаде орган кој хируршки ќе се трансплантира и со сигурност нема да биде отфрлен.
“Работиме на околу 30 различни ткива и органи,” вели Атала.Веќе голем број на импланти успешно се вградени во луѓе, вклучувајќи ‘рскавица за колено, кожа, крвни садови, уретри, трахеа и мочни меури.
Атала: “Фокусирани сме на осигурување дека овие технологии, во иднина, ќе можат да дојдат до различни пациенти, со различни нарушувања.”
Др. Тејлор и лабораториски создадените бели дробови:

Повеќе на: GSM.mkНапредувањето во медицинската технологија ни помогна да живееме подолго. Сега, истражувачите бараат начин да поправаат, обновуваат или заменуваат ч

Пронајдете не на следниве мрежи: