Жерновски не ги исполнува своите ветувања. Во текот на кампањата тој вети изградба на градинка и училиште во Капиштец, а сега како градоначалник на општина Центар целосно ги стопира средствата за да ги оствари овие ветувања.
Исто така тој вети дека посебен акцент ќе биде ставен на младите и нагласи дека тие ќе бидат главни во неговата програма, но Андреј Жерновски не ги исполнува ветувањата за изградба на ново основно училиште во населбата Капиштец и нова градинка во истата населба со што како оправдување наведува дека општината немала пари.
Во предизборието, Жерновски го обвини поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ дека нема сериозна намера од негова страна ова да се оствари и дека всушност претставува само предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, но времето покажа дека всушност Жерновски е тој кој нема намера да го исполни ветувањето кое го дал пред граѓаните.
-Ние веднаш по стапувањето на власт, во март односно во април ќе започнеме веднаш со изградба на градинка и ќе пристапиме кон проширување на капацитетите на веќе постоечките градинки, изјави Жерновски.
Додека Жерновски не стои до зборот и ветувањата дадени за да ги придобие гласовите на граѓаните со оправдување дека општинската каса е празна, истовремено во општина Центар двојно се зголемуваат средствата за привремени вработувања, за кои советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ќе служат за вработување на партиските војници.
Јавноста изминативе денови беше запознаена дека општина Центар распишува и огласи за јавни набавки на други помалку важни работи, додека Жерновски вели дека нема пари за изградба на ветените училишта и градинка.Жерновски не ги исполнува своите ветувања. Во текот на кампањата тој вети изградба на градинка и училиште во Капиштец,