Поради високата температура, која редовно преминува над 50 С, жителите на рударското гратче во Австралија живеат под земја. Во подземјето се наоѓа дури и православна црква.Рударското гратче Кубер Педи е познато како светска престолнина на опалот. Најскапите опали на светот се вадат токму од тука, а името му го дале Абориџините – купа пити, што значи „бел човек во дупка“.
Верувале или не, ова гратче брои околу 1.700 жители кои живеат под земја!
Најголем проблем на луѓето кои живеат во куќите во ова рударско гратче, претставува недостатокот на вода. Жителите живеат во куќи кои се направени во карпите и кои имаат три спални соби, дневна соба, кујна и тоалет.
Цената е скоро иста како и кај куќите на површината на земјата, а доколку некој пројави желба може да си го прошири станот така што ќе си ископа нова просторија.
За време на проширувањето некој може и да се збогати! Замислете во новата соба да налетате на наоѓалиште на опал?
Погледнете го видеото:
Рударското гратче Кубер Педи е познато како светска престолнина на опалот. Најскапите опали на светот се вадат токму од тука, а името му го дале Аб



