И денеска во Стајковци неуморно се работи на терен. Целосно се расчистени улиците 1, 2, 3, 4 и 5, имаат и струја и вода, а жителите на истите се задоволни од брзата интервенција.-Ова е најстара улица од ова село, истата денеска е исчистена и целосно завршена благодарение на брзата интервенција на полицијата и војската, како и „Дрисла“ која со нејзините камиони и работници направи оваа улица за три дена да биде оспособена без никаков проблем. Што се однесува до водоводот и канализацијата- поплавата беше ноќта, а сабајлето во 7 часот веќе имавме цистерни. Луѓето прашуваа што треба да се помогне и помагаа, вели Ацо Смилевски, жител на улицата број 2, една од најпоплавените во Стајковци, која сега е комплетно исчистена.
На исчистените улици е извршена комплетна дезинфекција и дератизација.
-Ние сме најблагодарни, бидејќи со таква вода, со толкава брзина не можеш да се освестиш со каква брзина дојде, вода имаше метар ипол и поплави се- куќи, улици, носеше се, народот писка, бараат помош, не знаеш на која страна да искочиш и на кого да му помогнеш… 100 процентно сите се залагаа. Војската и полицијата го направија ова да биде средено. Влегуваа во секој двор, во секоја куќа. Секое утро доаѓаа не будеа и ни нудеа помош. Црвен крст исто така секој ден доаѓа и храна ни носи на врата. Благодарност голема до сите, додава Смилевски.-Ова е најстара улица од ова село, истата денеска е исчистена и целосно завршена благодарение на брзата интервенција на полицијата и војската, како